Македонија вложува милиони евра во енергетски објекти, бидејќи енергетиката како клучен сектор обезбедува одржлив развој на домашната економија. Изминативе три години инвестиции има во обновливите извори на енергија, хидроцентрали, термоцентрали, рудници, далноводи, трафостаници. Според статистиката, 70,1% е учеството на домашното производство во бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија. Во домашното производство учеството на хидропроизводството достигнува 16,6%, на цврстите горива во вкупната потребна енергија е повеќе од 47%, а остатокот се однесува на производство од обновливите извори на енергија. За да биде земјава помалку зависна од увозната струја во енергетската стратегија е предвидена изградба на повеќе капитални инвестиции, а како што се нагласува во Отчетот за сработеното на Владата во периодот 2011 до 2014 година, во меѓувреме реализирани се голем број проекти за изградба на нови и модернизација и ревитализација на постојните електрани, далноводи и трафостаници, како и подготвителни и истражувачки активности за изградба на нови рудници за јаглен потребни за производство на електрична енергија.
Македонија вложува милиони евра во енергетски објекти, бидејќи енергетиката како клучен сектор обезбедува одржлив развој на домашната економија. Изминативе три години инвестиции има во обновливите извори на енергија, хидроцентрали, термоцентрали, рудници, далноводи, трафостаници...
Според статистиката, 70,1% е учеството на домашното производство во бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија. Во домашното производство учеството на хидропроизводството достигнува 16,6%, на цврстите горива во вкупната потребна енергија е повеќе од 47%, а остатокот се однесува на производство од обновливите извори на енергија.
За да биде земјава помалку зависна од увозната струја во енергетската стратегија е предвидена изградба на повеќе капитални инвестиции, а како што се нагласува во Отчетот за сработеното на Владата во периодот 2011 до 2014 година, во меѓувреме реализирани се голем број проекти за изградба на нови и модернизација и ревитализација на постојните електрани, далноводи и трафостаници, како и подготвителни и истражувачки активности за изградба на нови рудници за јаглен потребни за производство на електрична енергија.
Од 1 август 2012 година домашното производство на струја е зголемено за 66 гигават-часови со пуштањето во употреба на ХЕЦ "Света Петка". Хидроелектраната е капитален енергетски проект и со нејзиното пуштање во погон целосно се заокружи водниот потенцијал на реката Треска, која е со инсталирана моќност од 36,4 мегавати, како и капацитет доволен за снабдување на преку 40.000 граѓани во земјава.
Заокружен е и еден од најголемите инвестициски зафати во енергетиката вреден 56 милиони евра. Со овие средства реализирана е модернизација и ревитализација на агрегатите на РЕК "Битола", при што моќноста на термоблоковите е зголемена за вкупно 25 мегавати, но продолжен е животниот век за наредните 25 години. Инвестирани се и 18,6 милиони евра во рудникот Брод-Гнеотино кој е технички целосно комплетиран и пуштен во функција главниот транспортен систем за јаглен од тој рудник до површинскиот коп Суводол во должина од околу 10 километри, проект вреден 18,6 милиони евра.
Реализацијата на овој значаен проект за Електрани на Македонија значи заокружување на производниот процес во новиот површински коп Брод - Гнеотино, како и директно зајакнување на можностите и ефикасноста на трите рудници и продолжување на животниот век на нашиот најголем електроенергетски капацитет РЕК Битола". Тоа е проект вреден 89 милиони евра кој се уште е во тек на модернизација на котлите во термоелектраните Битола".
Планирано е целосно да биде обновен јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, промена на поголемиот дел од цевковниот систем, намалување на нивото на штетните емисии и зголемување на ефикасноста на котлите.
Во тек е и ревитализацијата на шест хидроелектрани на ЕЛЕМ, како втора фаза со која е предвидена замена на застарената и истрошена хидромеханичка, машинска и електроопрема. Три од вкупно четири агрегати во ХЕЦ "Вруток" се целосно ревитализирани, а согласно со динамичкиот план, четвртиот и последен агрегат ќе биде целосно ревитализиран и вклучен во електроенергетскиот систем до мај оваа година. Проектот вреден 32 милиони евра ќе биде целосно заокружен годинава.
Во рамките на проектот е ревитализирана и е вклучена инјекционата завеса на браната на ХЕЦ "Шпилје", а завршено е и монтирањето на новата опрема за мониторинг на браните Маврово, Глобочица, Шпилје, Тиквеш, Козјак и Св. Петка.
Концесии за мали хидроцентрали
Производството на електрична енергија ќе се зголемува и преку изградба на мали хидроцентрали. Досега потпишани се вкупно 66 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија со вкупно инсталиран капацитет од 60 мегавати и очекувано годишно производство од 230 гигават-часови. Проценетата инвестиција се движи од 100 до 120 милиони евра, а од вкупниот број на потпишани договори за концесија, во моментот изградени се вкупно 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 мегавати за кои до сега се инвестирани над 20 милиони евра.
Како што е посочено во Отчетот за сработеното на Владата во периодот 2011 до 2014 година, во моментов во фаза на изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 мегавати и очекувана инвестиција од 27 милиони евра. Половината од овие објекти се завршени лани, а останатите се очекува да се завршат годинава. Останатите 34 потпишани договори за концесија се во напредна фаза на обезбедување на потребните документи за добивање на одобренија за градба, со што ќе започне и изградбата на истите.
Проект Берза за електрична енергија
Намалување на цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата и стопанствата, донесе само формирањето на домашната Берза за електрична енергија. Таа ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, бидејќи тоа е дел и од напорите за целосна либерализација на пазарот на струја и постигнување на пазарни цени за електричната енергија. Од први април годинава ќе стартува либерализацијата на пазарот кај повеќе од 220 компании, а од први јануари 2015 и кај домаќинствата. Токму од овие причини Владата на Република Македонија презеде иницијатива за формирање Берза за електрична енергија.
- Одлучено е да се формира берза која ќе биде во мешовита сопственост помеѓу АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ и стратешки инвеститор или повеќе инвеститори. Сите неопходни анализи, подготовки и прилагодувања на законската регулатива и подзаконските акти треба да бидат завршени до септември 2014 година, по што ќе може да се основа и да започне со работа македонската берза за електрична енергија - велат надлежните институции.